Балкан

На Копаоник падна првиот снег

На Копаоник падна првиот снег

Во Србија најстудено е на Копаоник каде што утринава во седум часот измерени се нула степени и каде што моментно паѓа снег со умерен интензитет.

Времето според српската метеоролошка служба ќе биде облачно, студено и ветровито а некаде со дожд.

На високите планини се очекува провејување на слаб снег.