Балкан

На Космајац привремено му се одземени 14 згради, спортска сала и хотел

На Космајац привремено му се одземени 14 згради, спортска сала и хотел

Од Драгослав Космајац (61), осомничен за затајување на данок, измама и фалсификување, привремено му се одземени 14 згради и куќа, спортска сала, хотел… Освен куќата каде живеел со сопругата и синот во виналата на плац од 10,4 хектари со помошна зграда и базен, одземени му се иобјектите кои се под закуп како станбени и деловни простории. Закупците месечната кирија наместо на Космајац во иднина ќе и биде исплатени на Дирекцијата за одземен имот на Министерството за правда.

Во улицата на мајката на Ангелина Космајац, одземена е спортска сала, една зграда во која има соблекувална и кафе бар, како и две станбени згради и гаража на истата адреса со засега непозната квадратура.

Космајац со синот Лазар (24) кој е косопственик на земјиште од 14 хектари на Булеварот Крал Александар имаат и недоизграден хотел од 322 квадрати. На истиот булевар одземен е и плац од 3,2 хектари на кој има две станбени згради, третина од плац од 1,8 хектари и половина од плац од 1,2 хектари, како и една гаража.

dragoslav-kosmajac-konobar-narko-bos-hapsenje-kolumbija-pablo-eskobar-1415581434-588476

Во општината Звездара на Космајац му се одземени уште два плаца од вкупно 7,56 хектари. На улицата Востаничка одземена му е деловна зграда од 242 квадрати, половина деловна зграда од 114 квадрати и деловно-станбена зграда со површина од 96 квадрати. На улицата Милан Ракиќ, на Космајац му се одземени 5,14 хектари земјиште со станбена и помошна зграда, како и две третини од станбена зграда и гаражи, а привремено останал и без 30,7 хектари земјиште во Грција.

На неговата сопруга Александра (53) на Смедеревскиот пат запленети се 7,9 хектари земјиште со семејна куќа од 90 квадрати, две помошни згради од вкупно 50 квадрати и гаража, како и плац во Корачица од 10,34 хектари и станбена зграда со непозната квадратура.

dragoslav-kosmajac-hapsenje-video-mup-foto-printskrin-1415534370-588293

Против Космајац Вишото обвинителство во Белград и Сремска Митровица, како и белградското Прво основно обвинителство, покренале пет постапки за затајување на данок, злоупотреба на службена должност, измама, противправно заземање на земјиште и фалсификување на документи.

Притворот му е одреден во постапката која ја води Вишото обвинителство во Белград, каде и единствено имал прилика да ја изнесер својата одбрана бидејќи не присуствувал некоговиот адвокат, туку адвокат по службена должност.

Српскиот премиер, Александар Вучиќ, неколкупати Космајац го означи како клучен нарко-дилер, а името му се споменува и во Белата книга на Министерството за внатрешни работи на Србија во 2001 година каде исто така се наведува дека е еден од главните трговци на дрога.

Дирекција: Детали дополнително

Во Дирекцијата за одземен имот велат дека обемот и структурата на привремено одземениот имот на семејството Космајац ќе биде прецизно утврден по спроведувањето на решенијата за претходна постапка.

„Се ќе биде познато по увидот и изводите од катастрарот и купопродажните договори, со спроедување на состојбата на терен како би се установил фактот за квадратура и намена на објектите, како и евентуално на корисниците“, велат од Дирекцијата.