На Косово му се закануваат социјални немири

На Косово му се закануваат социјални немири во текот на 2015 година доколу дојде до враќање на косовските емигранти, кои масовно заминуваа во ЕУ заради подобар жиот, пишува приштинскиот весник „Трибунал“.

Економските и политичките аналитичари оценуваат дека новата косовска Влада може да се соочи со граѓанско незадоволство за време на претстојните години. Според нив институциите на Косово не се подготвени да се соочат со реакцијата на граѓаните.

Политичкиот аналитичар Артан Мухаџери смета дека иселувањето на населението е разочарувачко за Косово, а причините, според него се мошне комплексни.

– За жал, како што немаше план да се спречат заминувањата, нема ниту план за амортизирање на незадоволството, доколку тие се вратат масовно. Сметам дека косовските институции не се подготвени за тој целокупен ексклузивен потенцијал, кој може да доведе до враќање на тие луѓе, велу Мухаџери.

Тој е уверен дека социјалните немири следната година се неизбежни.

Економскиот аналитичар Ибрахим Реџепи смета дека актуелниот премиер треба да има ги има предвид предизвиците, кои стојат пред него.

– Како одговор на одлуките на Влада ќе следат штрајкови, протести и премиерот треба да смета на тоа, заклучува Реџепи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.