На Кожуф го наjдов шпаjзот на Македониjа

„Еј, Вла­тко, те гле­дав на те­ле­ви­зи­ја. Топ си! На мо­ја­та тез­га ќе се фо­то­гра­фи­раш? Ќе зе­меш од про­ду­кти­те да зго­твиш не­што здра­во?“

Ва­ка го поз­дра­ву­ваа го­тва­чот Вла­тко Ог­не­нов­ски, кој овој пер­и­од е најм­но­гу пре­поз­нат­лив по кам­па­ња­та за здра­ва хра­на. До­де­ка го фо­то­гра­фи­ра­ме на еден од скоп­ски­те зе­ле­ни па­за­ри, мно­гу­ми­на до­а­ѓаа да се поз­дра­ват со не­го, да раз­ме­нат збор-два, а па­зар­џи­и­те да му по­ну­дат не­што од сво­и­те про­ду­кти.

Во „Шпај­зот на Ма­ке­до­ни­ја“ тој под­го­тву­ва мно­гу вкус­ни и здра­ви ре­цеп­ти кои ги го­тве­ле на­ши­те пра­ба­би. Ча­е­ви од бил­ки кои рас­тат на­се­ка­де око­лу нас, ле­бо­ви од ’ржа­но или ин­те­грал­но браш­но, пи­ти, са­ла­ти, ма­ка­ла, ман­џи од ме­шун­ка­сти пло­до­ви.

- „Шпај­зот на Ма­ке­до­ни­ја“ е дел од кам­па­ња­та за здра­ва хра­на. Тоа се еду­ка­тив­ни ви­де­ос­по­то­ви, а иде­ја­та по­тек­на од алар­ми­те кои до­а­ѓа­ат ди­рект­но од кли­нич­ки­те цен­три во Ма­ке­до­ни­ја. Се по­ја­ву­ва­ат ди­јаг­но­зи кај мла­ди кои не ко­рес­пон­ди­ра­ат со нив­на­та во­зраст. Це­ла­та на­ша на­ци­ја е за­сег­на­та од оваа кам­па­ња. Се со­брав­ме по­ве­ќе ен­ту­зи­ја­сти. Јас сум во де­лот на ку­ли­нар­ски­те ве­шти­ни ка­ко пра­вил­но да се при­го­тви хра­на­та. Во кам­па­ња­та се ан­га­жи­ра­ни врв­ни екс­пер­ти, ну­три­ци­о­ни­сти, до­кто­ри. Ова не е ТВ-ку­ли­нар­ско шоу, цел­та е да до­пре­ме до све­ста на лу­ѓе­то во вр­ска со здра­ва­та хра­на. За­се­га има по­зи­ти­вен од­ѕив – об­јас­ну­ва Ог­не­нов­ски за иде­ја­та за „Шпај­зот на Ма­ке­до­ни­ја“.

Спо­ред не­го, алар­мот од оваа кам­па­ња пр­во тре­ба да стиг­не до гра­дин­ки­те. Тој сме­та де­ка мно­гу по­лес­но се при­фат­ли­ви про­ме­ни­те кај пом­ла­ди­те би­деј­ќи то­гаш по­лес­но се ме­ну­ва­ат на­ви­ки­те во ис­хра­на­та.

- Ед­на на­ци­о­нал­на куј­на се фор­ми­ра со сè што мо­же да се ски­не од поч­ва­та и со мно­гу фан­та­зи­ја. Ние го­тви­ме со сè што рас­те на ма­ке­дон­ска­та поч­ва. Ма­ке­до­ни­ја има мно­гу до­бри пре­дис­по­зи­ции. Ние сме зем­јо­дел­ска зем­ја, во чи­ја поч­ва ви­ре­ат мно­гу зе­лен­чу­ци и овош­ја. Ма­ке­до­ни­ја сè уште е во еко­ло­шки здра­ви­те зо­ни. Нам ни е по­треб­но са­мо да се свр­ти­ме кон тра­ди­ци­ја­та и да раз­бе­ре­ме де­ка тоа што се слу­жи во ре­сто­ра­ни­те не е ма­ке­дон­ска куј­на. Ска­ра­та не е ма­ке­дон­ска на­ци­о­нал­на куј­на. Тоа не е го­тве­ње, ту­ка не­ма ку­ли­нар­ска ве­шти­на. За­тоа тре­ба да се вра­ти­ме на ста­ри­те ре­цеп­ти, ка­ко ма­ка­ла, ман­џи, ’ржа­ни, ин­те­грал­ни ле­бо­ви, пи­ти. За ме­не, ста­ра­та куј­на по се­ла­та е таа што де­нес во све­тот се обе­ле­жу­ва со пет ѕвез­ди. Има­ме мно­гу за­по­ста­ве­ни ре­цеп­ти кои пла­ни­ра­ме да ги осве­жи­ме и да поч­не­ме по­втор­но да го­тви­ме та­ка. Се­ка­де по­стои ево­лу­ци­ја, па та­ка и во куј­на­та. По­треб­но е са­мо да има­те иде­ја и кре­а­ци­ја. Кре­а­тив­ни­те лич­но­сти се тие што ја ос­но­ва­ат куј­на­та во ед­но оп­штес­тво – сме­та Ог­не­нов­ски.

Здра­ва хра­на е се­ко­ја хра­на што е на­ба­ве­на и при­го­тве­на пра­вил­но и што се кон­су­ми­ра во одре­де­ни ча­со­ви од де­нот. Бе­зре­ди­е­то во ис­хра­на­та, исто та­ка, е нез­дра­во, кол­ку и да се здра­ви про­ду­кти­те. Во ос­но­ва­та на здра­ва­та хра­на вле­гу­ва­ат три ком­по­нен­ти: пра­вил­на на­ба­вка, здра­ви про­ду­кти и пра­ви­лен на­чин на при­го­тву­ва­ње и точ­но вре­ме на кон­су­ми­ра­ње.

- Од здра­ва­та хра­на мо­же да ја­де­те ко­ли­чин­ски по­ве­ќе и таа е мно­гу вкус­на за тој што знае да ја при­го­тви. На­ши­те зе­ле­ни па­за­ри има­ат изо­билс­тво на хра­на, и тоа тре­ба да нè осве­сти. Ед­но вр­зоп­че зел­је е 10 де­на­ри, го има це­ло ле­то, а ни­кој не го ку­пу­ва. Ко­га пред ед­на де­це­ни­ја имав свој ре­сто­ран, дој­дов до зак­лу­чок де­ка са­мо стран­ци­те ни го ја­дат зе­лен­чу­кот. Пред де­сет го­ди­ни на тез­ги­ња­та не­ма­ше ру­ко­ла, жал­фи­ја, се­га, за сре­ќа, во изо­би­лие ги има­ме си­те аро­ма­тич­ни тре­вки на пла­ни­ни­те. Се вра­ќа и ма­џу­нот на тр­пе­зи­те. Ако се хра­ни­ме здра­во, ќе има­ме здра­ва на­ци­ја. Ете, тол­ку е ед­но­став­но – ве­ли Ог­не­нов­ски.

Vlatko-Ognenovski-zivot119-2

Не­го­во­то нај­о­ми­ле­но ја­де­ње е пин­џур од цр­ве­ни пи­пер­ки, до­ма­ти, лук и мас­ли­но­во мас­ло.

- Ние мас­ли­но­во­то мас­ло, ка­ко кул­ту­ра, не сме го има­ле во изо­билс­тво, во ми­на­то­то по­ве­ќе се го­тве­ло на свин­ска маст, ко­ја е мно­гу поз­дра­ва ако се кон­су­ми­ра во по­ма­ли ко­ли­чи­ни, за раз­ли­ка од хе­ми­ски мо­ди­фи­ци­ра­ни­те мас­ла за ја­де­ње – ве­ли Ог­не­нов­ски, кој се вљу­бил во ку­ли­нарс­тво­то во Ита­ли­ја, а за­на­е­тот го учел од врв­ни го­тва­чи – Ду­чо Ло­рен­ци­ни, кој е бла­го­род­ник, и Лу­ка Че­ре­та­ни, про­фе­сор по то­скан­ска куј­на во Си­е­на.

- Тие двај­ца ми ја раз­ви­ја љу­бо­вта кон го­тве­ње­то – ве­ли на­ши­от со­го­вор­ник.

Го­тве­ње­то е умет­ност, про­цес кој по­сто­ја­но се учи и се над­гра­ду­ва. Се­ко­гаш има нов вкус, но­ва ком­би­на­ци­ја. Со го­тве­ње две тре­вки, се про­из­ве­ду­ва трет ми­рис кој на­ви­дум не ли­чи ни­ту на ед­на­та ни­ту на дру­га­та тре­вка. Во го­тве­ње­то има хе­ми­ја, фи­зи­ка, ма­те­ма­ти­ка, ме­ди­ци­на… и да, мно­гу љу­бов е впле­тка­но во се­то тоа.

- Си­те сме убе­де­ни де­ка ја поз­на­ва­ме Ма­ке­до­ни­ја, но тоа не е точ­но. Од мно­гу ме­ста ка­де што бев­ме до­де­ка сни­мав­ме, јас бев во­о­ду­ше­вен и не бев све­сен де­ка се на­о­ѓам во Ма­ке­до­ни­ја. Најм­но­гу ме во­о­ду­ше­ви пла­ни­на­та Ко­жуф. Таа е ед­на ди­ва пла­ни­на, во ко­ја има сè. Има жи­вот да­ден од при­ро­да­та. Вле­гов во ед­на дла­бо­ка бу­ко­ва, да­бо­ва, иг­ло­лис­на шу­ма, ка­де што се вчу­до­ви­дов што сè да­ла мај­ка­та при­ро­да. Тоа е бож­ји дар кој не го ко­ри­сти­ме. Та­му има по­ве­ќе ви­до­ви вр­гањ, ка­пи­ни, ди­ви ја­го­ди, ед­вај ме из­ва­ди­ја од шу­ма­та. Сфа­тив де­ка тоа е шпај­зот на Ма­ке­до­ни­ја – рас­ка­жу­ва Ог­не­нов­ски.

Тој со­ве­ту­ва да се исфр­лат од ис­хра­на­та за­пр­шки­те, ка­ко и ше­ќер­ни­те таб­ли кои пом­ла­ди­те ги ја­дат во го­ле­ми ко­ли­чи­ни.

- Ние ка­ко на­ци­ја сме мно­гу бли­ски, по­вр­за­ни, се са­ка­ме и се по­чи­ту­ва­ме ед­ни со дру­ги. Ба­би­те мно­гу нè са­ка­ат, но мо­ра да се осве­стат и да пре­ста­нат да им ку­пу­ва­ат на де­ца­та ше­ќер­ни таб­ли. Чо­ко­ла­до е ед­на ра­бо­та, а ше­ќер­ни таб­ли со рас­ти­тел­но мас­ло се со­се­ма дру­га ра­бо­та. Ко­га нив би ги скок­на­ле во ис­хра­на­та, на­ци­ја­та би би­ла мно­гу поз­дра­ва – сме­та Ог­не­нов­ски.

Тој е све­сен и за ре­ак­ци­и­те во јав­но­ста де­ка хра­на­та што ја при­го­тву­ва е ска­па.

- Ај­де да на­пра­ви­ме ма­те­ма­ти­ка: ед­но чо­ко­ла­до од 100 гра­ма чи­ни во про­сек 60-70 де­на­ри. Зна­чи, еден ки­ло­грам чо­ко­ла­до чи­ни 700 де­на­ри. Кол­ку овош­је мо­же да се ку­пи за 700 де­на­ри? Имам пред­лог-план кој ќе го пре­зен­ти­рам во ид­ни­на ка­ко мо­же за мал­ку па­ри да се ја­де здра­во. По­ја­до­кот е го­лем проб­лем на Ма­ке­дон­ци­те. Мис­лам де­ка по­го­ле­ми­от дел од нас по­ја­ду­ва не­пра­вил­но. Мој пред­лог за по­ја­док е не­кол­ку ви­да су­во овош­је – кај­сии, сли­ви, смо­кви со сва­ре­на пче­ни­ца, овес или три­ци, јо­гурт и ед­на ла­жи­ца ма­џун. По­у­бав по­ја­док здрав­је! Ни­ту ра­фи­ни­ран ше­ќер, браш­но, млеч­ни про­из­во­ди со сом­ни­те­лен ква­ли­тет – пре­по­ра­чу­ва Ог­не­нов­ски.

Преземено од Република