На Лезбос веќе нема каде да се погребуваат мигрантите

Околу 155.000 мигранти пристигнале во Грција од почетокот на годината
Околу 155.000 мигранти пристигнале во Грција од почетокот на годината

На грчкиот остров Лезбос веќе нема каде да бидат погребувани мигрантите, кои се удавиле во Егејското Море додека се обидувале да стигнат до Европа, јавуваат грчки медиуми.

На гробиштата Свети Пантелејмон во Лезбос досега се погребани голем број Авганистанци, Ирачани и Сиријци, кои не успеале да стигнат живи до брегот.

Веќе нема останато место на гробиштата дури и каде е одредено да се погребуваат сиромашни покојници, вели Христос Мавридакис, шеф на едно од главните гробишта на островот.

Нешто треба да се направи. Тука има многу, премногу гробови, нагласува тој.

Грчки медиуми јавуваат дека никој веќе не може да каже каде ќе бидат погребани следните покојници.