недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 27

На линијата Ало докторе 1.303 повици за една недела

ало докторе

Поврзани вести

Вкупно 1.303 повици на телефонската линија Ало докторе биле регистрирани во текот на изминатата недела.

Откако е започната со работа на телефонската линија за медицински совет 02/15 123 се евидентирани вкупно 64.507 повици.

Линијата е достапна секој ден со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

Достапни за совет се дваесет и пет лекари, а повиците се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата се за широк спектар на најразлична симптоматологија , најчесто за главоболки , респираторни симптоми, покачена телесна температура, за сезонски вируси, кашлици  предизивикани од  променливите  временски  услови   т.е.  од наглото опаѓање на температурите  карактеристични за овој период од годината .

На сите оние лица кои  имаат побарано  медицински совет на телефонската линија Ало докторе им е дадена здравствена помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија .

Најчитани вести