На линијата „Ало докторе“ се бараат најмногу совети за настинки, притисок и кардиоваскуларни симптоми

На телефонската линија 15123 „Ало докторе“ во изминативе два дена се јавиле вкупно 441 лице.

Седумнаесет доктори специјалисти се достапни за граѓаните 24 часа за соодветна здравствена услуга преку здравствен совет и соодветна симптоматска терапија.

Во изминатите два дена од вкупниот број лица кои се јавиле на Ало докторе, на тројца граѓани им било укажано да ја повикаат Итната медицинска помош.

Во најголем број јавувањата се за совет во врска со фебрилни состојби и настинки, притисок, главоболки и кардиоваскуларни симптоми.

Денес на дежурство во кол центарот на Ало докторе од 18 до 22 часот ќе биде проф. др. Александар Шиколе, директор на Клиниката за нефрологија, а во сабота достапен за медицински совет ќе биде др. Ристо Симеонов од Клиниката за детска хирургија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.