четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 7

На линијата „Ало докторе“ се јавиле 1.212 пациенти за една недела

На телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“ во изминатите седум дена (од 7 ноември до 13 ноември) имало 1.212 повици, соопшти Здравствен дом Скопје.

линијата

Поврзани вести

Од 15 септември 2014 година, кога почна да работи линијата, досега имало 119.275 повици.

Линијата е достапна секој ден 24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на какви било симптоми на нарушување на здравјето.

Дваесет и пет доктори се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија. Јавувањата најчесто се за совети поврзани со кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, сезонски настинки и симптомна болка.

На лицата кои побарале здравствена помош на линијата „Ало докторе“ им е даден медицински совет и соодветна симптоматска терапија.

Најчитани вести