На Македонија и се насмевнува добар пласман на ЕП

Расплетот во нашата група ни донесе рекордни два бода што ги пренесовме во втората фаза. Овие два бода ни даваат одлична основа за добар конечен пласман. Во сегашна ситуација безмалку ни е загарантирано 9-то или 10-то место, бидејки тешко е да се претпостави дека селекцијата на Австрија во втората фаза ќе извојува две победи од три натпревари. Во случај на една победа на Австрија, таа ќе остане зад нас поради поразот во меѓусебниот натпревар.

Ако, пак, Македонија извојува една победа, против Унгарија или против Исланд, тогаш огромни се шансите да се пласираме на 7-то или на 8-то место. Со две победи би го достигнале успехот од ЕП 2012 во Србија.

Секако, во игра се и други можности, некои репрезентации да одиграат и нерешено, што би ги искомлицирале пресметките. Како и да е, Македонија има солидна основа да се надева на добар пласман.