На Македонија засега не и треба Јужен тек

Од Македонски енергетски ресурси велат дека македонскиот гасоводен систем е стабилен и наредните 5 години нема потреба од дополнителни количини на природен гас, анализира Радио Слободна Европа.

Експертите со став дека прекинот на градбата нема да има влијание врз Македонија.

„Ние добиваме испорака на мали количества гас. Македонија не значи ништо, бидејќи Македонија и досега не беше на трасата на Јужниот тек, беше поврзување со крак од Јужниот тек, којшто евентуално ќе требаше да обезбеди дополнителни количини при зголемена конзумација на природен гас. Во овој момент Македонија троши многу мали количини од постоечкиот гасовод, така што во овој момент и нема потреба да се доведува во прашање претстојната гасификација со проектот Јужен тек“, вели Митко Андреевски.