На македонските граници заплените дрога, накит, цигари…

Во текот на минатата недела, царинските службеници открија повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани дрога, златен и сребрен накит, гасен пиштол, цигари, фалсификати и друго.

Задржана е стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост, односно 145.000 парчиња чоколадни јајца со ознаки на познати трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки, извршена на царинската испостава Скопје 3, кое пренесувало стока со потекло од Турција, од која дел бил наменет за увозник од Скопје, а останатиот дел за увозник од Косово.

Kokain, mobilna

Пет грама кокаин, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со германски регистарски ознаки, управувано од турски државјанин, кој бил придружуван од еден германски и еден турски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Кокаинот, кој е пронајден во најлонско ќесе сместено во латицата на задното седиште, е привремено задржан, а против сопатникот со германско државјанство е отпочната соодветна постапка.

Златен и сребрен накит во тежина од 107 грамa е откриен при контрола на патничко моторно возило со швајцарски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот златен накит, пронајден во хартиена салфетка облепена со бела селотејп трака, сместена во наслонот за раце што се наоѓа помеѓу двете предни седишта на возилото, е привремено задржан, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Zlaten nakit, 2031

Уште 2,168 килограми сребрен женски накит, откриени се на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на куферот на македонска државјанка, која допатувала со лет од Истанбул. Непријавениот сребрен накит е привремено задржан, а против патничката е поведена прекршочна постапка.

130 штеки цигари од марката PALL MALL, со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на патничко моторно возило со грчки регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Богородица.

Cigari, 4010

Непријавените цигари, пронајдени во багажниот простор во специјално исечен дел од шасијата со пристап до задниот браник до кој се доаѓа со отштрафување на пластиката помеѓу багажникот и браникот, во отворот за воздушно перниче пред совозачкото седиште, во шалт таблата и во задната страна на боцата за плин во багажникот до која се доаѓа со отштрафување на специјално изрежан метален капак, се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

Еден гасен пиштол марка ZORAKI 918-T со калибар 9 милиметри и 75 парчиња чаури за гасен пиштол марка TITAN со калибар 9 милиметри, откриени се при контрола на патничко моторно возило со австриски регистарски ознаки, управувано од австриски државјанин, пријавени за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавениот гасен пиштол и муниција, пронајдени во фиоката сместена помеѓу двете предни седишта, покриени со најлон ќесе, се привремено задржани, а против возачот е отпочната соодветна постапка.

Gasen pistol, 2031

Македонските цариници изминатиот викенд заплениле и 32 парчиња очила за сонце, 156 парчиња привезоци и 12 парчиња алки за на рака, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на патничко моторно возило со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин, пријавени за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавената стока, пронајдена во најлонско ќесе сместено во багажниот простор на возилото, е привремено задржана, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.

Ruteri, 1051

Оркиени се и три парчиња рутери марка ZTE, откриени на скопскиот аеродром „Александар Велики“, при контрола на куферот на кинески државјанин, кој допатувал со лет од Истанбул. Непријавените рутери се привремено задржани, а против патникот е поведена прекршочна постапка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.