Македонија

На малиот Матеј му треба наша помош за да се избори со болеста!

На малиот Матеј му треба наша помош за да се избори со болеста!

Матеј Стоилов е три ипол годишно детенце од Делчево на кое му е дијагностицирано недостиг на нормален физиолошки развој и на кого му е потребна парична помош од сите нас за да се направат потребните испитувања и Матеј да продолжи нормално да се развива и да ужива во своето детство и во својот живот.

Пред малиот Матеј претстои голема битка за да ја победи болеста. За тоа е потребно многу љубов, но и многу пари. Ние имаме љубов најголема на свет, но потребна ни е и Ваша помош за да собереме доволно средства за Матеј да се излекува.

Неговите родители наоѓаат сили да се грижат за Матеј, но потребно е да се соберат и доволно средства за неговото лекување.

Во неколку наврати во изминатиов период се организираа  хуманитарни акции од страна на Младите волонтери на Црвениот крст од Делчево, како и од страна на  Брегалница плус Академијата Металург која планира да организира и хуманитарен спортски натпревар за малиот Матеј Стоилов.

На Матеј Стоилов многу му е потребна нашата помош за идни медицински испитувања, затоа да му помогнеме сите заедно.

Затоа, секој хуман граѓанин кој е во можност да донира, Ве молиме да го направи тоа.

Жиро Сметка за донации  240167102537513  Уни Банка.

Со мал гест до големи остварувања. Да му помогнеме на малиот Матеј Стоилов за да може и тој како и сите нас среќно да ужива во својот живот.