На малиот Михаил му треба помош – Бидете хумани!

На четитригодишниот Михаил Јолески од Кичево дијагностицирана му е тешка хронична аномалија на бубрезите, поточно лев бубрег со многу ниска функција и десен бубрег огормен, со дилантација (проширен) со стеноза на мочен утерис.

За неговото лекување потребни се 10.000 евра, сума која неговото семејство не може да ја обезбеди. Неговата операција е закажана за 29 мај, но родителите мора претходно да ја обезбедат сумата која е потребна за операцијата да биде реализирана.

Едно дете чека на нас. Да може да има и тоа детство какво што секое дете може да има.

Насмевката на Михаил е бесценета. Да му дадеме можност на ова сонце да се смее постојано.

Семејството замолува, кој може и сака да помогне, да помогне со донација на

210-5016883338.40 на НЛБ ТУТУНКА БАНКА.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.