Спорт

На “Мавровскиот меморијал” ќе учествуваат најдобрите балкански нордијци

На “Мавровскиот меморијал” ќе учествуваат најдобрите балкански нордијци

Една од најстарите македонски спортски манифестации „Мавровскиот меморијал“ викендов ќе се одрижи по 52 пати падините на Бистра. Во Маврово се очекува да настапат најдобрите балкански нордиски скијачи во машка и женска конкуренција. Ќе учествуваат вкупно седум земји од регионот, а се чека на потврда и од Романија со вкупен број од 54 учесници од кои 35 мажи и 19 жени. Македонија ќе ја претставуваат 18 нордиски скијачи од кои 15 мажи и три жени, пишува Спортмедиа.

„’Мавровскиот меморијал’ стана вистински македонски спортски бренд, кој го промовира Маврово и македонскиот спорт. АМС целосно ја подржи оваа манифестација, како генерален покровител во насока на промоција на зимските спортови особено нордиско скијање. АМС од буџетот одвои вкупно 300.000 денари за ‘Мавровскиот меморијал. Би сакал да ги поканам до сите љубители на зимските спортови да го проследат овој настан и да уживаат во природата која ја нуди Маврово“, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт.

„Најсилната балканска конкуренција ќе биде тука во Маврово, за разлика од другите манифестации од регионот. Веселин Цинцов е најзвучно име кај мажите, а тука се и Хрватот Дади Чеди и нормално се очекува силен натпревар. Антонија Глигорова од Бугарија е со нависок рејтинг кај дамите, а тука е и Ведрана Мамец од Хрватска. Росана Кировска е нашиот фаворит на овој меморијал, а во машка конкуренција очекуваме добар резултат од Дарко Дамјановски“, вели директорот на „Мавровскиот меморијал“, Ѓоко Диневски.

Стартот е закажан за сабота во 10 часот. Патеката ќе биде долга 2,5 километри, а надморската височина изнесува 1.600 метри.