На мекици кај Тони Михајловски

Вчера беше објавена веста дека Тони Михајловски стана дедo.

На социјалните мрежи многу негови поранешни и сегашни колеги објавија фотофрафии од домот на Тони, каде се прославуваше доаѓањето на новиот член.

Неговиот син Александар и Ангела се свршија во јануари годинава.

Ангела исто како и Александар е актерка, но до свршувачката со Александар не ѝ беше позната на јавноста.

Прво професионално, а сега и приватно Александар чекори по стапките на својот татко. Освен што се определи за истата професија, тој, исто како и Тони, стана татко на млади години.