На мените во Нетпрес денеска салата од боранија и колач со јаболки

За денешното мени во Нетпрес се одлучивме за малку здрава и лесна храна па така ќе приготвуваме салата од боранија, а за десерт ќе се засладиме со колач со јаболки.

Потребни состојки

500 гр зелена боранија (свежа или замрзната)

1 црвена пиперка

1 кромид

1 дл фета сирење во коцки

1 дл црни маслинки

Прелив

3 лажици маслиново масло

1 лажица сок од лимон

1 лажица вински оцет

Сол, бибер

Малку свежи зачини

Подготовка

Боранијата сварете ја во малку солена вода, да бидат ал денте. Измијте ги во студена вода за да ја задржат зелената боја. Пиперката исечкајте ја на тенки стапчиња, а кромидот на ситни коцки.

За преливот добро измешајте ги сите состојки со рачен миксер или лажица. Боранијата, фета сирењето, кромидот и пиперката прелијте ги со преливот и сето тоа добро измешајте го. Испрскајте одзгора со магдонос или некој друг свеж зачин.

Салатата оставете ја половина час да мирува за сите состојки да се впијат подобро. По половина час е подготвена за послужување.

787ede73e71a9ff28cd90fccdf552fba_header

Колач со јаболки

Потребни состојки

2 чаши гриз

2 чаши остро брашно

1 чаша шеќер

1 прашок за пециво

Околу 3 кг јаболки

Малку масло за јадење

Подготовка

Измешајте ги сите состојки. Јаболките излупете ги и изрендајте ги. Еден дел од смесата ставете ја во подмачкана тава, потоа ставете еден ред рендани јаболки, повторно од смесата, па уште еден ред јаболки и така уште двапати. За да добиете најмалку четири реда јаболки. Одозгора ставете малку путер и ставете да се пече на 200 степени.

Колачот е најдобро да се сече откако ќе се излади.