вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 1

На Мерил Стрип и рекле дека премногу е грда за улога

meril

Последни вести

Мерил Стрип (66) сподели на нејзиниот Фејсбук една приказна од минатото која инспирира и воодушеви милиони нејзини фанови.

Тројната оскаровка се потсети на еден болен ден, кога уште како неафирмираната актерка се обидела да добие улога во филмот „Кинг Конг“ од 1976 година.

– Ова на фотографијат сум јас, како се враќам од аудицијата за филмот „Кинг Конг“ каде ми рекоа дека сум премногу „грда“ за улогата. Ова беше клучен момент за мене. Ова, едно грдо мислење можеше да ми ги уништи соништата за актерската кариера и да ме натера да престанам да верувам во себе. Длабоко вдишав и си реков: „Многу ми е жал што мислите дека сум премногу грда за вашиот филм, но тоа е само едно мислење во морето на илјада различни и сега одам да пронајдам позитивна енергија. Денес имам 18 номинации за Оскар“, напиша легендарната актерка, покрај фотографијата на која има 27 години и се вози со метро.

Изгледа дека Мерил, која има убедливо најмногу номинации за Оскар во историјата, малку бројката ја згреши, затоа што всушност има 19, ако се смета номинацијата за филмот „Во шумата“ за која оваа година беше номинирана. Три пати ја освои престижната статуетка.

Инаку, режисерот Дино де Лаурентис на споменатата аудиција навистина рекол дека Мерил е грда – но тоа го коментирал на италијански јазик. Му рекол на неговиот син „Грда е. Зошто ми ја донесе?“ не знаејќи дека пред него стои жена која завршила студии и која течно зборува италијански.

Кога му одговорила на италијански, тој изгледал како некој да го застрелал. Улогата, наместо Мерил Стрип ја доби Џесика Ланг.

Најчитани вести