Македонија

На местото нa Мијалков доаѓа Љупчо Андоновски

На местото нa Мијалков доаѓа Љупчо Андоновски

Љупчо Андоновски седнува во фотељата на досегашниот прв човек на УБК Сашо Мијалков, објави „Прес 24“.

ljupcvo

Според извори на „Прес 24“, Горанчо Савески ќе го замени Митко Чавков на местото прв човек на Бирото за јавна безбедност. Чавков ја напушти позицијата на директот на БЈП откако беше избран за министер за внатрешни работи.

Goranco-Savovski-500

Новите директори се избраа на денешната  седница на Владата.

Предлозите за двете функционерски места во полицијата ги дава Министерот за внатрешни работи Митко Чавков, но се до нивниот официјален избор новите персонални решенија не се откриваат.

Горанче Савевски и Љупчо Андоновски имаат завршено високо образование на Факултетот за безбедност. И двајцата имаат големо професионално работно искуство во Министерството за внатрешни работи, се вели во соопштението.