На Милан конечно “му тргна” – Де Јонг го продолжи договорот, од Рома пристигнува Бертолачи

Калчолигашот Милан денеска објави дека Најџел Де Јонг го продолжил договорот и ќе остане во клубот до 2018 година.

Претходниот договор на искусниот играч за врска завршуваше следната седмица, поради што постојано се ширеа гласини околу неговиот следен ангажман, се спомнуваа и конкретни клубови, Манчестер Јунајтед, Ајакс, Шалке.. Сепак, Де Јонг се реши да остане во Милан, потпишувајќи нов тригодишен договор.

Холанѓанецот во Милан дојде од Манчестер Сити во 2012 година и е еден од главните алки во тимот. За време на неговиот престој во Милан успеа да запише 90 настапи во сите натпреварувања, постигнувајќе седум погодоци.

Покрај оваа добра вест за фановите на Милан, утринава италијанските медиуми пренесоа информација според која Андреја Бертолачи е пред потпис со “росонерите”. Пред неколку дена Рома за 8,5 милиони евра ја откупи и втората половина од неговиот договор, со оглед дека фудбалерот беше во ко-сопственост помеѓу Рома и Џенова, па сега се очекува “волчицата” да заработи на него и да го испрати во Милан за сума од 20 милиони евра.

Бертолачи е играч за врска кој минатата сезона буквално “експлодира” во тимот на Џенова, промовирајќи се во еден од најдобрите плејмејкери во Серија А.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.