На Морси ќе му се суди за шпионажа

Поранешниот египетски претседател Мохамед Морси ќе се соочи со судот под обвинение за шпионажа, со што помогнал при извршување на терористички акти, пренесе „АФП“.

Морси, кој беше соборен од власт во текот на месец јули, веќе се соочи со судот под обвинение за вмешаност во убиството на демонстранти, поддржувачи на египетската опозиција.