На неколку планински врвови вее слаб снег

Слаб снег провејува на неколку планински врвови низ земјава во моментов. Слаб снег вее на Попова Шапка, но не доволно за да се формира снежна покривка. На Маврово може да се забележат слаби снежни врнежи но и таму атмосферата воопшто не потсетува на зима.

Слаби снежни врнежи и на планинските превои Плетвар и Стража.

Од Македонија пат информираат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно по местимично влажни коловози. Магла со видливост до 50м. има на патните правци Велес-Каталаново,  Стража и Прилеп-Крушевo.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово   и Катланово-Велес.

На учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно управување со  возилата,почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.