На новогодишната ноќ студено до минус 11 степени

Синоптичарите најавуваат ниски температури од – 2 до – 11 степени за новогодишната ноќ. Времето ќе биде променливо облачно и студено.

Според Управата за хидрометеролошки работи, во сабота во западните делови локално ќе падне и првиот снег на планините, а во недела врнежи се очекуваат на повеќе места.

Утре ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер.