На новосадските улици повеќе од 300 проститутки

На новосадските улици има повеќе од 300 проститутки, кои услугите ги наплаќаат од четири до максимум 30 евра, што зависи од возраста на клиентите.

На помладите клиенти, сексуалните услуги се наплаќаат по повисока тарифа, а на постарите по пониска. Додека пак специјалните желби на клиентките се наплаќаат посебно.

Макроата најчесто се членови на семејствата на тие девојки и жени, кои пак будно гледаат дали се ќе биде во ред со клиентите.

Кога станува збор за избор на локација, на фантазијата и изненадувањата им нема крај, а најнова „ординација“ е автобуската станица на новосадските Нови гробишта.

Во Нови Сад има и свртилиште за сексуалните работнички, на тајна локација каде што дневно доаѓаат по десетина жени, да се исперат, искапат, и да си зготват нешто.