На околу 100 илјади социјално ранливи категории граѓани ќе им бидат отпишани долговите

Владата на првата седница ја изгласа мерката која беше ветена за отпис на долговите на граѓаните од социјално ранливата категорија.Премиерот Никола Груевски истакна дека изминативе пет години светот беше зафатен од најголемата светска криза, но Македонија успешно се справи со последиците од истата.

„Најранливите категории на граѓани се соочија со неможност за редовно плаќање на долговите по што следеа и камати за истите, но РМ како социјална држава има право да им помогне на најранливите со еднократен отпис на долговите.
Во отписот на долговите ќе бидат опфатени лицата кои примаат социјална и постојана парична помош, невработени лица кои активно бараат работа во последните 12 месеци и лицата чиј брачен другар е починат под услов да не поседуваат друг имот освен станот или куќата во која живеат,“ изјави премиерот Груевски.

Министерството за финанснии ќе распише јавен повик за склучување договор за еднократен отпис на долговите и ќе трае седум дена.По склучувањето на договорот Министерствто за финансии ќе ги повика должниците да поднест барање за отпис на долгот. Барањето може да го поднесат во Центрар за социјална работа во местото на живеење во времетраење од 30 дена. Документите што ќе се поднесат, Центрите ги испраќаат до Министерството за труд и социјална политика.

Отписот на долговите ќе биде доброволен, а премиерот упати апел до ЕВН, Топлификација, банките, штедилниците, нотарите, извршителите да се приклучат во проектот и најави дека и во иднина владата ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните.

Со овој проект ќе бидат опфатени од 50 -100 илјади граѓани.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.