Балкан

На опозициските пратеници во Албанија им се заканува одземање на мандатите

На опозициските пратеници во Албанија им се заканува одземање на мандатите

Доколку не се вратат на собраниската седница закажана за 18 декември, албанските опозициски пратеници ќе ги изгубат пратеничките мандати, бидејќи таа седница е последна за оваа година, јавува МИА.

Парламентот почнува со работа на 15 јануари, што значи пет дена по датумот(10 јануари) од кога пред шест месеци опозициските пратеници  го почнаа бојкотот. Одземањето на мандатот во Албанија е предвиден со Уставот, со кој се предвидува престанок на мандатот на пратеник по шестмесечен бојкот.

По можноста за губење на мандатот, почнале несогласувања околу цврстиот став на лидерот на најголемата опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша, за продолжување на бојкотот. Веќе се споменуваат имиња на неколку пратеници кои размислуваат да се вратат во парламентот. Но, лидерот Баша најави исклучување од партијата на секој пратеник од неговата, партија кој ќе се спротивстави на неговата политичка одлука и ќе го прекине бојкотот.Тој е дециден дека бојкотот продолжува.

Доколку им се одземат пратеничките мандати на овие пратенции, тие според законските одредби се заменуваат со кандидатите кои се веднаш по нив на  гласачкото ливче во истата изборна единица.

Идентичен случај во Албанија беше и во претходниот парламентарен состав, кога работтата на парламентот ја бојкотираа тогашните опозициски социјалисти. Но, кога дојде крајниот рок за да ги изгубат пратеничките плати, тие се вратија во парламентот.