На отворањето на новиот продажен салон Т-Мобиле со 50 проценти попуст на Самсунг смарт телефоните

По повод отворањето на новата Телеком продавница во Градскиот Трговски Центар во Скопје, Т- Mobile подготвувa неповторливо изненадување за посетителите.

Ако се уште се двоумите за модел или тарифа, новата еднократна понуда на Т-Мобиле ќе ви помогне во изборот. Имено во четврток во 11 часот ќе се отвори новата Телеком продавница во ГТЦ, па по тој повод Т-Мобиле подготви промотивна понуда која им овозможува на посетителите во Плеј комфорт тарифата да купат Самсунг смартфон со неверојатен попуст од дури 50%.

Промоцијата важи само во новата Телеком продавница, и само на денот на отворањето, четврток 9ти октомври, од 11 часот до 19 часот, a моделите и количините на смартфони се ограничени.

Затоа бидете сигурни дека нема да ја пропуштите оваа единствена шанса, да си земете нов смартфон по одлична цена.