На овие три знаци летото ќе им донесе вистинска љубов

Ѕвездите порачуваат дека овие три знаци ќе имаат малку повеќе среќа во љубовта за време на летото 2016-тата година и дека то треба максимално да го искористат.

Водолија

Припадниците на овој знак имаат најголеми шанси во текот на преостанатите месеци во 2016-тата година да ја официјализираат врската или можеби да дознаат дека ќе станат мајки. Најтоплите месеци во оваа година ќе бидат посебно наклонети кога станува збор за семејните врски. Ова ќе биде посебно плоден период и за започнување на некои посериозни врски, а за припадниците што се долго во врска ова е идеално време да го кажат судбоносното „Да“.

Рак

За најемотивниот знак во хороскопот ова лето ќе биде целосно наклонето кога станува збор за љубовните врски. Конечно ќе успеат или да излезат од лоша врска и да го запознаат нивниот принц на бел коњ, или ќе успеат да официјализираат нешто што одамна го сакале! Нежните припаднички на овој знак копнеат за брак и за верен партнер, па во текот на јуни и ќе запознаат некој таков. Доколку веќе подолго време размислувате за некој воздушен знак, во текот на јули можете да имате незаборавни мигови што ветуваат посериозна врска.

Лав

Огнените Лавици мислат дека сеуште не дошло време да се смират, летото 2016-та тотално ќе ги демантира. Во текот на јуни конечно ќе се реши нивната замрсена ситуација и нештата ќе бидат појасни од било кога! Во јули и август што инаку се нивни месеци, им претстои многу смеа, љубов, но и понуди за брак. За припадничките што подолго време се во врска ова ќе биде вистинско време да го кажат судбоносното „Да“ или барем да размислат за тоа, додека слободните може да ги очекува фатална љубов на која што нема да и’ одолеат.