На Пацоли не му е одобрен влез во Нови Пазар

На министерот за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли, Белград не му го одобри барањето за влез во Нови Пазар, пренесе Радио-телевизија Србија.

Како што неофицијално дознава РТС, барањето било одбиено бидејќи во приверемената законска рамка на УНМИК, Косово нема министерство за надворешни работи, па договорот за посета на официјалните лице, не може да се примени во случајот на Пацоли.

Тој во четвртокот откри дека побарал дозвола официјално да ги посети Нови Пазар и Санџак и додаде дека доколку не ја добие дозволата, нема да оди по планински патишта како што тоа го направил директорот на Канцелартијата за Косово и Метохија, Марко Ѓуриќ на Косово.