На пат за Ватикан се расипа авионот на Николиќ

Авионот со кој српскиот претседател Томислав Николиќ отпатувал во Ватикан се вратил во Белград поради дефект на моторот, а посетата на Светиот престол е откажана пишува српски „Курир“.

Николиќ требало денеска да престојува во посета на Ватикан, каде требало да се сретне со папата Франциско, како и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролини, но поради дефект на моторот на авионот „фалкон“ средбата е откажана.

Инаку Ватикан е првата држава која во 1992 година ја призна независноста на Хрватска и Словенија, два дена пред тоа да го направат земјите членки на ЕУ (тогаш Заедница).

Во 1999-тата година Ватикан ја осуди воената интервенција во Србија.