На планетата Церера откриена гигантска водна обвивка

(Фото : NASA/JPL-Caltech/UCLA/MPS/DLR/IDA)

Група планетолози од Франција, Италија, Германија и САД откриле дека во надворешната обвивка на најмалата позната џуџеста планета во Сончевиот систем – Церес (Церера) формирана од мешавина од воден мраз и силикати.

Дебелината на силикатниот слој на Церера, според студијата на експертите објавена во научниот магазин Nature Geoscience, се проценува на неколку километри. Научниците сметаат дека најголемото количество смрзната вода е концентрирана на половите на џуџестата планета.

Присуството на мраз во горните слоеви на Церера, којашто фактички претставува огромен јаглероден метеорит, би требало да значи дека во длабочините на големите астероиди меѓу орбитите на Марс и Јупитер може да се најдат големи резерви на вода.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.