На планината Влашиќ во БиХ регистрирани над 80 сантиметри снег

На планината Влашиќ од синоќа не престанува да паѓа снег, а висината на снежната покривка моментално е над 80 сантиметри, јавија босанските медиуми.

На Влашиќ од синоќа нема ниту струја, а хотелите и останатите објекти со електрична енергија се напојуваат со помош на агрегати, а сопствениците самите се снаоѓаат за чистење на приодите.

Проблем се и недоволно исчистените патишта, бидејќи целата механизација е префрлена на поплавените подрачја.