На плажите во Полска викендов се удавиле 30 лица

На плажите на полските реки, езера и крајбрежјето на Балтичкото Море  30 луѓе се удавија за време на викендот, а кои сакале да се оладат во водата поради високите температури, објави денеска полскиот Центар за безбедност.

Вкупно 291 луѓе се удавија низ Полска од почетокот на април, објави новинската агенција ИАР полски радио.
Според официјалните лица, алкохолот е најголемата причина за смртта на пливачите во Полска во области каде што нема спасувачи.

Властите ја предупредија јавноста да преземат мерки на претпазливост во врска со претстојниот топлински бран, бидејќи температурите се очекува да достигнат 35 Целзиусови степени.