На победникот на Евросонг му трансплантираа срце

Победникот на Евросонг, Португалецот Салвадор Собрал, закрепнува во болница по трансплантацијата на срце, пренесе во неделата BBC.

Хирурзите во болницата Санта Круз во Лизабон велат дека 27-годишниот пејач „се чувствува добро“.

Собрал, кој долго боледувал од срцева болест, победи на последното музичко натпреварување со љубовната тема „ Amar Pelos Dois“ (Љубов за нас двајцата). Беше тоа прва победа на Португалија на избор на песна на Евровизијата.

„Операцијата мина успешно“, рекол хирургот Мигуел Абекасиш, за португалскиот весник Publico. Закрепнувањето ќе биде долго и доколку сѐ мине во ред, Собрал ќе има „сосема нормален живот“, додал.

Пејачот мораше да чека повеќе месеци додека не беше најден донор, пишува весникот. Собрал во септември објави дека зема пауза од настапите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.