На поларните мечки им се заканува исчезнување кон крајот на векот

Светскиот фонд за природата (WWF) денеска ги објави резултатите од истражувањето за тоа дека опстанокот на поларните мечки ќе биде доведен во прашање веќе кон крајот на овој век, ако не се намали емитувањето на штетните гасови кои ја загреваат климата во светот, пишува МИА.
Климатските промени се закануваат на веќе критично загрозените екосистеми во Северниот Леден Океан, предизвикувајќи големо намалување на бројот на поларните мечки.
На поларните мечки им се заканува глад и неможност за размножување низ целиот Канадско-арктички архипелаг.
Четвртина од поларните мечки во светот живеат на тој архипелаг, каде има морски мраз преку цела година, но дури може и тука да се случи мразот да се истопи во наредните децении, што би го загрозил опстанокот на мечките, пишува во извештајот, што е објавен денеска во научното списание „Плос Оне“ со поддршка на WWF.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.