На полноќ истекува рокот партиите да достават предлози за членови на избирачки одбори

До ноќеска на полноќ политичките партии до oпштинските изборни комисии (ОИК)  треба да достават предлози за членови на избирачките одбори (ИО) и нивни заменици, заради формирање односно евентуално дополнување на ИО со нови членови и заменици.

Обврската за тоа е во согласност со Роковникот  на Државната изборна комисија (ДИК) за спроведување на предвремените парламентарни избори на 5-ти следниот месец.

Од ДИК информираат дека испратиле соопштение и оти се јавуваат во општинските изборни комисии за да им укажат дека денеска ќе треба да ги чекаат предлозите на политичките партии.