На полските полицајци бомби им испаѓаат од хеликоптер

На припаднциите на антитерористичката полиција на Полска им испаднале две гранати од хеликоптер во текот на летот над јужниот дел од земјата, а и покрај обемната потрага експлозивните средства не се пронајдени.

Според пишувањата на полските медиуми, откако гранатите не биле пронајдени, полицијата морала да се обрати до евентуалните „чесни пронаоѓачи“ предупрувајќи ги во никој случај да не ракуваат со гранатите, туку за тоа да ги известат властите.

Иако станува збор за светлосно-звучни гранати со коишто привремено се онеспособува противникот, тие во случај на ненамерна детонација можат да предизвикаат сериозни повреди.

Ваквата бламажа на полските елитни единици се случила во вторникот во текот на операција притив нелегални плантажи на марихуана.

Сличен, но многу поопасен инцидент, се случи и кон крајот на јануари годинава кога американско воено товарно возило кое пренесувало муниција за тенкови, се преврте на автопатот во западниот дел од земјата, при што дела од муницијата испаднала на патот.