На поменот за Јованка Броз дошле само нејзината сестра и Жарко Јокановиќ

Денеска се одбележуваат шест месеци од смртта на првата дама на некогашна Југославија, Јованка Броз. Цвеќе на нејзиниот гроб положиле  , нејзината сестра Нада Будисављевиќ и Жарко Јокановиќ, автор на нејзината биографија.

Тивко, во солзи, нејзината сестра Нада положи цвеќе на гробот на својата сестра, јавуваат српските медиуми.

„Нема да правиме помен. Ќе положиме само цвеќе. Не сме во можност да направиме нешто повеќе, поради здравствените проблеми на другата сестра“, изјавила Нада Будисављевиќ.

Другата сестра на Јованка, Зора (80), неодамна доживеала мозочен удар, а неколку дена подоцна нејзиниот сопруг доживеал инфаркт, па нивниот син Горан и сестрата Нада сега главно се грижат за нив.

Во Куќата на цвеќето денеска освен сестрата на Јованка и Жарко Јокановиќ, никој друг не дошол да одбележи шест месеци од смртта на Јованка.