На последните избори граѓаните гласаат за 2 милијарди странски инвестиции

Привлекувањето на инвестиции од странство и отворањето на нови работни места е еден од најсилните адути на ВМРО-ДПМНЕ.

Граѓаните во голема мера го наградуваат и го одобруваат таквиот пристап а тоа се гледа и на минатите избори каде близу 500 илјади граѓани гласаа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Дека во полето странски директни инвестиции има квантен скок споредено со минатото покажува и фактот што во само во периодот 2007-2014 кога ВМРО-ДПМНЕ е на власт, таа бројка изнесува повеќе од 2 милијарди евра и новоотворени над 11 илјади работни места. Што се однесува до периодот претходно граѓаните не паметат странска инвестиција што би значело нова фабрика, а сумата на странски инвестиции се брои само во неколку милиони

Џонсон контролс, Џонсон мети, Кемет електроникс , Кромберг и Шуберт, Дрекселмаер, Ван Хол, Текнохозе, Продис, Стил кон Гришко, Амфенол се само дел од големите компании кои инвестираа во последните 8 години.

Мапата на гринфилд инвестиции изгледа вака:

Џонсон контролс, американска компанија од автомобилската индустрија, во август 2012 година почна со изградба на втората фабрика во Македонија во ТИРЗ Штип со големина од 13.230 квадратни метри и истата официјално почна со производство во јануари 2014 година. Втората инвестиција на Џонсон Контролс во Македонија е вредна 20 милиони евра и план за вработување на 1.450 лица, а во моментот работат 1000 луѓе. Фабриката е специјализирана за производство на покривки за автомобилски седишта за европските пазари. Џонсон контролс има фабрики во над 150 држави во светот во кои работат близу 160.000 работници.

Џонсон Мети, британски производител на катализатори за автомобилската индустрија, во ноември 2013 година ја реализираше втората инвестиција во ТИРЗ Скопје 1 со отворање на новиот производствен погон. Втората инвестиција е вредна 60 милиони евра и план за 300 нови вработувања. Двете инвестиции на британскиот инвеститор изнесуваат повеќе од 120 милиони евра и денес вработуваат 500 лица, а до средина на 2015 година компанијата планира да брои околу 650 лица во двата производни капацитети. Во последните неколку години Џонсон Мети стана најголем извозник од Македонија, со вкупен извоз од 630 милиони евра во 2013 година и планиран извоз од 1 милијарда евра за 2014 година.

Кемет електроникс е американска компанија која во јули 2011 година донесе одлука за инвестирање во ТИРЗ Скопје 1 и почна со градба на фабрика со површина од 10.500 квадратни метри. Во октомври 2012 година официјално фабриката почна со производство, а вкупната инвестиција е вредна 35 милиони американски долари и вработување на околу 500 лица. Компанијата произведува кондензатори за бројни производители на оригинална опрема, провајдери и дистрибутери на електроника во светот, како: Philips, Bosch, Delphi, Foxconn, Alcatel, Dell, Ericsson, HP, Nokia, Motorola, TRW, Continental, Boeing и др. Кемет е со 85-годишна историја со седиште и два иновативни центра во Јужна Каролина, САД. Корпорацијата брои околу 20.000 вработени и достигнува продажба од 2 милијарди американски долари.

Кромберг и Шуберт, германска компанија од автомобилската индустрија, производител на високотехнолошки производи, како кабли, кабелски инсталации, пластична технологија и мехатроника. Фабриката официјално почна да работи во октомври 2013 година и во моментот работат околу 1000 лица во 3 смени. Кромберг и Шуберт во Битола произведува кабелски инсталации за автомобилски производители во Европа како што се Фолксваген, BМW, Ауди, Мерцедес.

Дрекселмаер, германска компанија од автомобилската индустрија, производител на електронска опрема и кабелски инсталации. Во јули 2012 година Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 35 милиони евра во Кавадарци. Денес брои околу 4000 вработени во 3 смени, а планот е до крајот на 2014 година тој број да достигне до 4800 работници.

Ван Хол, белгиска компанија – производител на автобуси за градски и меѓуградски превоз. Во јули 2012 година Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 20 милиони евра и вработување на 500 лица во ТИРЗ Скопје 1.

Текнохозе, италијанска компанија, членка на групацијата Витило произведува флексибилни цевки за флуиди за средни и за високи притисоци.

Продис, дел од руската групација Протек груп од областа на фармацевстката индустрија. Во октомври 2012 година започна со работа во новоизградената фабрика во ТИРЗ Скопје 1

Стил кон е холандска компанија за челични конструкции која заедно со холандскиот партнер Герлико груп во септември 2011 година отвори нов современ погон за преработка на арматурно железо во Куманово. Инвестицијата е вредна 3.5 милиони евра и има 100 вработени.

Гришко, руска компанија, светски производител на балетска опрема во март 2013 година почна со производство на балетанки во селото Слепче, Демир Хисар.

Амфенол, американска компанија од автомобилската индустрија која освен првата фабрика која ја отвори во Кочани каде има вработено околу 350 лица, планира изградба и на зоната Кочани Виница и вработување на 2500 луше.

Ван Пајнброк текстил, холандска компанија од областа на текстилната индустрија. Во октомври 2013 година фабриката беше официјално пуштена во работа, а се произведува работна и заштитна опрема. Во производствениот погон со површина од 2.500 квадратни метри се вложени 2 милиони евра и во него работат 100 лица, а компанијата планира во првиот квартал од 2014 година да отвори и трета производна линија.

Текспорт, австриска компанија од текстилната индустрија. Во првите две фабрики во Скопје и во Кочани, Текспорт вработува околу 400 луѓе. Инвестицијата во Виница е вредна 1 милион еврасо 200 вработувања. СДИ што се започнати и предвидено е да се реализираат во 2014 година

Кофикаб е производител на кабли од Тунис, директен доставувач на Дрекселмаер и на Кромберг и Шуберт.

Маркарт е германски производител на автомобилски делови за Мерцедес, Ауди и БМВ, произведува електронски клучеви, контролни табли за управувачи, централни конзоли за врати и прозорци. Во декември 2013 Владата го потпиша договорот за инвестицијата вредна 35 милиони евра и план за вработување на над 600 луѓе, од кои една третина се инженери. Производствениот објект ќе биде сместен во Велес на површина од околу 15.000 квадратни метри, а изградбата ќе почне во април 2014 година. Фабриката ќе започне со производство во првиот квартал на 2015 година.

Истем Медикал е турска компанија од областа на медицината која во април 2013 година донесе одлука да инвестира 8 милиони евра во Македонија и вработи 250 лица во период од 10 години во ТИРЗ Скопје.

Ендава е британска компанија која се занимава со развивање на софтвр на почетокот на годината отвори своја канцеларија во Скопје.

Епл Ленд, компанија од Дубаи, во февруари 2014 година почна со изградба на откупно дистрибутивен центар за преработка и за складирање на јаболка во индустриската зона Макази близу Ресен.