Свет

На повеќе од еден милион луѓе им се заканува глад поради еболата

На повеќе од еден милион луѓе им се заканува глад поради еболата

На повеќе од еден милион луѓе им се заканува глад во Либерија, во Сиера Леоне и во Гвинеја, трите најпогодени држави во Западна Африка од епидемијата на ебола, јавува МИА.

Организацијата на Обединети нации за храна и земјоделство (ФАО) и Светската програма за храна соопштија дека епидемијата од ебола негативно влијаело на реколтата во трите африкански земји.

– Од ебола во Либерија, во Сиера Леоне и во Гвинеја починаа 6.900 луѓе, а несигурноста со храната веќе е хронична, соопштија ФАО и Светската програма за храна.