Економија

На повидок две белгиски и една швајцарска инвестиција

На повидок две белгиски и една швајцарска инвестиција

Две белгиски и една швајцарска компанија ја избраа Македонија како најдобра инвестициска локација и планираат своите капацитети да ги прошират во нашата земја.

-Едната белгиска фирма од областа на земјоделството веќе достави бизнис план. Се работи за компанија што сака да инвестира во збирен центар за јаболка и исто така сакаат тие самите да засадат јаболка. Втората компанија е од областа на производството, која сака да отвори погон за производство на грејни тела, истакна министерот без ресор Висар Фида.

Третата е швајцарска компанија од автомобилската индустрија.

-Оваа компанија разгледува 4 земји во регионот, но по последната посета во Македонија неофицијално рекоа дека ќе останат да ја разгледуваат цела земја и многу скоро ќе донесат одлука, додаде Фида.

Сите три компании би требало да донесат конечна одлука во првите три месеци од 2015 година. Доколку се одлучат токму за Македонија во април или мај ќе следуваат градежните активности.

Овие три инвестиции, би донеле отворање на неколку стотици работни места.