На повидок е нов голем трејд во НБА лигата

По трејдот на Режон Рондо во Далас, се најавува уште една голема размена во НБА лигата.

Кошаркарот на Бруклин Нетс и еден од најдобрите плејмејкери во НБА, Дерон Вилијамс е пред преселба во Калифорнија, во тимот на Сакраменто Кингс.

Понудата која раководството на Сакраменто ја достави за услугите на Вилијамс е составена од дури тројца кошаркари – Дарен Колисон, Дерик Вилијамс и Џејсон Томпсон.

Сепак, засега нема најави дека трампата е остварена, но доколку се случи такво нешто, Сакраменто ќе добие моќно трио составена од Дерон Вилијамс, Руди Геј и ДеМаркус Казинс, што ќе им овозможи да излезат од моменталната криза во која се наоѓаат.