недела, 28 мај 2017  |  Вести денес: 2

На повидок нов судир меѓу Турција и Германија

германија

Последни вести

Во пресрет на гласањето на кое Бундестагот в четврток треба да се изјасни дали ги признава масовните убиства врз Ерменците под Отоманска власт за геноцид, официјална Анкара се закани дека може да дојде до влошување на односите меѓу двете земји, јави дописникот на МИА од Берлин.

Во резолуцијата која што треба да биде донесена од Бундестагот во десетина наврати се споменува зборот „Геноцид“ кој што Турција не го прифаќа како соодветно објаснување за настаните што се случиле меѓу 1915 и 1917 на територијата на сегашна Ерменија.

Според Ерменија во систематски организирани убиства од страна на Отоманските власти биле убиени најмалку 1,5 милиони Ерменци.

– Германија е наш пријател и сојузник каде што живеат многу граѓани со турско потекло. Германија мора да биде внимателна во врска со односите со Турција, изјави денеска портпарот на турската влада во Анкара која што смета дека германскиот парламент нема да ги уништи односите само поради двајца или тројца политичари кои што ја предлагаат резолуцијата.

Изјавата која што ја пренесуваат германските медиуми дополнително ќе ги вжешти затегнатите односи меѓу двете земји кога Анкара а лута затоа што ЕУ не сака да ги отфрли визите за турските граѓани, Германија е загрижена за човековите права во Турција, а на еден од водечките германски комичари му се заканува затворска казна за поемата во која што го навреди турскиот претседател Ердоган.

Без воведување на визната либерализација малку е веројатно Турција да почне да го спроведува договорот со ЕУ според кој од 20 јули таа треба да ги блокира сите бегалци на нејзина територија да дојдат во ЕУ и да ги прими сите мигранти коишто ќе бидат одбиени при барање азил во од членките на Европската унија.

Најчитани вести