На повидок воведување авио линија Охрид – Белград

На повидок воведување авио линија Охрид - Белград
На повидок воведување авио линија Охрид - Белград

На покана на менаџментот на „AIR SERBIA“, градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески е во работна посета на Белград, Србија.

На работниот состанок со менаџерскиот тим на најголемата авио компанија во Србија, закажан за утре, ќе бидат разгледани можностите за воведување авио линија Охрид- Белград.

Со ова, Локалната самоуправа ја потврдува стратегијата за  летови од и кон охридскиот аеродром онака како што се најавуваше изминатите неколку месеци.

Потврда дека се важни проектите од ваков тип е и воспоставувањето на двете редовни авио линии, Охрид-  Базел и Охрид- Лондон и обратно кои стартуваа минатата година, а се  плод на  заложбите на општина Охрид за туристички и локален  економски раст и развој на градов.

Искуството покажа дека ново воспоставените авио линии имаат силен импакт во зголемување на бројот на странски туристи во Охрид и развој на локалната економија што претставува и голема придобивка за граѓаните на Охрид.