Македонија

На повисоките места можна појава на голомразица

На повисоките места можна појава на голомразица

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно во зимски услови, наместа со остатоци од снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на Македонија пат.

Врнежи од снег со послаб интензитет се бележат во К.Паланка, Тетово, П.Шапка и Маврово.

На повисоките места поради ниските температури можна е појава на голомразица.

Забрана за сообраќај за тешки товарни возила има на патниот правец Дебар – Струга.

Забраната за сообраќај за тешки товарни возила на пат.правец Жировница – Дебар е укината во 09.30ч.

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.

Македонија пат на учесниците во сообраќајот им препорачува внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.