На преминот „Богородица“ задржување до 30 минути

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Од АМСМ информираат дека на граничниот премин „Богородица“ поради зголемената фреквенција на возила и можни се задржувања до 30 минути. На преостанатите граничните  премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија  се одвива  без забрани, по суви коловози. Се  препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поради високите температури се сугерира да се патува во раните утрински и вечерни часови со правење почести одмори и консумирање повеќе безалкохолни пијалоци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.