На преминот Јариње царина и за белградските дневни весници

Белградскиот дневен печат утрово на северот на Косово пристигна со задоцнување откако на преминот Јариње косовската царина ги запрела возилата кои дистрибуираат весници во северниот дел на покраината.

Еден од дистрибутерите на дневните весници, Звездан Михајловиќ, изјавил дека косовските цариници од утрово увозот на печатот на северот на Косово бил овозможен откако платиле данок.

Михајловиќ додал дека и претходно имале слични проблеми и барања да се плаќа данок на увоз на дневните весници од централна Србија, но дека утрово морале да платат данок од 16 отсто.

Белградските дневни весници во продавниците во Косовска Митровица, поради овие проблеми, денеска пристигнале со задоцнување од два часа.