На претседателот Иванов утре ќе му биде врачен сертификат за членство во Светската академија на науките и уметностите

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов ќе оствари средба со проф. д-р Иво Шлаус, претседател на Светската академија на науките и уметностите.

На свечена церемонија,  проф. д-р Иво Шлаус на претседателот Иванов ќе му врачи сертификат за членство во Светската академија на науките и уметностите.

Сертификатот за членство во Светската академија на науките и уметностите на претседателот Иванов му се доделува како признание за исклучителни научни и општествени достигнувања и постојана посветеност на целите за глобална човекова благосостојба, мир и одржлив развој.

Светската академија на науките и уметностите е меѓународна невладина научна организација, светска мрежа на членови избрани за истакнати постигнувања од областа на природните и општествените науки, уметноста и хуманистички науки.

Членови на Светската академија на науките и уметностите се реномирани, научници, уметници, претседатели на истражувачки институти и меѓународни организации, добитници на нобелова награда, бизнис лидери,  политичари и државници.