На претседателските избори во Србија ќе се натпреваруваат 11 кандидати

Кандидати за претседателските избори во Србија се Александар Вучиќ, кој е кандидат на владејачката Српска напредна партија, Саша Јанковиќ како кандидат на „За Србија без страв“, лидерот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, кандидатот на групата граѓани „Мораме подобро“, Вук Јеремиќ, претставникот на движењето „Двери“, Бошко Обрадовиќ, претседателот на движењето „Доста беше“, Саша Радуловиќ, и кандидатот на Демократска партија на Србија, Александар Поповиќ.

Во изборната трка влегуваат и претседателот на општина Чајетина, Милан Стаматовиќ, кандидатот на „Народното слободарско движење“ Мирослав Паровиќ, претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина, Ненад Чанак, како и кандидатот на група граѓани „Бели – Само јако“, Лука Максимовиќ, кој е познат како Љубиша Прелетачевиќ – Бели.

Претседателските избори, за наследник на српскиот претседател Томислав Николиќ, се распишани за 2 април, а ако во првиот круг никој не освои мнозинство, вториот круг ќе се одржи на 16 април.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.