Македонија

На превојот Буково повторно може да се движат камиони

На превојот Буково повторно може да се движат камиони

На патниот правец Охрид-Ресен преку планински превој Буково забраната за сообраќај за тешки товарни возила е укината, но е задолжителна употреба на зимска опрема (ланци).

Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива отежнато и во зимски услови, со остатоци од снег по коловозите. Поради ниските температури во утринските часови се забележува појава на голомразица, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Забрани за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец Гостивар – крак Маврово – Дебар – Струга, како и на планинските премини Стража и Пресека. Забраната за движење на планинскиот премин Пресека важи и за автобуси.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење на отежнатите услови за сообраќај и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.