На презентацијата на iPhone киксна функцијата за препознавање на ликот (ГАЛЕРИЈА)

Функцијата Face ID, којшто го препознава лицето на сопственикот на новиот паметен телефон iPhone на американскиот технолошки гигант Apple кој беше презентиран во вторникот, ги изневери креаторите веќе во текот на презентацијата на новитетот.

На презентацијата во салата „Steve Jobs Theater“ во „Apple Park“ беа претставени новите модели на смартфоните iPhone 8, iPhone 8 Plus и iPhone X. Најмоќниот од нив, јубилејниот модел iPhone X, е опремен со функцијата Face ID, за препознавање на лицето со која е заменета функцијата Touch ID која го препознава отпечатокот од палецот на сопственикот на уредот.

Деталите за технологијата ги претставуваше потпретседателот на компанијата Крег Федерини, но неочекувано за сите презентацијата се претвори во демонстрацијата на тоа како iPhone X ќе се однесува доколку не може да си го распознае сопственикот.

„Сега iPhone X ќе се отклучи многу едноставно, само кога ќе погледнете во него“, рече Федерини но телефонот „не го препозна“. На екранот на кој течеше видео преносот се појави пораката „внеси нумеричка лозинка за отклучување на Face ID“.

„Ајде да се обидеме повторно… Охо-хо-хо… Дозволете ни да минеме на разервната (варијанта)“, рече вицепретседателот на Apple земајќи од сталагот друг уред кој се разблокира од првиот обид.

Функцијата за идентификација на лицето е поддржана од фронталната камера TrueDepth со преоктор со инфрацрвена камера и инфрацрвен емитер, а прецизноста при распознавање на ликот го осигурува процесорот A11 Bionic. Новата функција се користи како за отклучување на телефонот, така и за апликацијата а купување Apple Pay и за креациите Animoji.

Од Apple велат дека Face ID процесуира на лицето на сопственикот 30.000 невидливи точки, по што сликата во инфрацрвениот спектар и точната структурна мапа се пренесуваат низ нејронските мрежи за создавање математички модел на лицето. Потоа податоците ги испраќа во модулот Secure Enclave, каде што се врши проверка на усогласеноста.

Според другиот потпретседател на компанијата, Филип Ширер, уредот не само што го памети изгледот, туку и ја анализира и структурата на лицето, така што менувањето на фризурата, ставањето очила или капа нема да го спречи да го препознае вистинскиот сопственик. Шилер притоа вети дека шансите да биде хакирана функцијата Face ID изнесуваат еден наспроти милион. Новата функција ќе овозможи да биде отклучен овој модел паметен телефон само доколку сопственикот погледне директно во него.

Почетокот на испораките на iPhone X, чијашто почетна цена е 999 американски долари, е планирана за 3-ти ноември годинава.